logo

# Сатира

Груби ќе прави Рамковен EXIT: Диџеите ќе се бираат по етнички клуч и нема да мора да се појавуваат на сцена

насловна слика

Сонот на првиот вицепремиер на Владата, а воедно и прв човек на министерството за политички систем, Артан Груби, кој денес си ја отвори душата и призна дека копнее музичкиот хепенинг по повод годишнината од Рамковниот договор да прерасне во македонски EXIT, по се’ изгледа ќе стане реалност многу поскоро од планираното.

 

- Искрено, ни јас не очекував работите да се движат толку брзо, ама ете... Мојот колега, а од денес и добар пријател, премиерот Ковачевски, ме изненади со 10 милиони евра, кои се повлечени од Фондот за пензиско и пренаменети за нашиот фестивал. Јас му ветив дека со првото издание ќе ги вратиме тие пари во касата на ДУИ...овааај...државата. Уствари, исто му се фаќа. – изјави вицепремиерот Груби.

 

Како што дознаваме, настапувачите на фестивалот ќе се бираат по етнички клуч, дефиниран со Рамковниот договор, а во чест на финансиерот Ковачевски, фестивалот ќе има посебна денс-сцена која ќе го носи името „Таче“ и на неа музика ќе пуштаат само бугарски диџеи

Коментари


Остави коментар