logo

# Сатира

Груби ја пренамени канцеларијата на Рашко во пекара за баклави

насловна слика

Откако вчера го зеде цревото во раце и ја пицна старата скопска чаршија до непрепознатливост, вицепремиерот Артан Груби продолжува со активностите.

 

Имено, во канцеларијата што тој ја презеде од поранешниот генерален секретар на Владата, а сегашен колекционер на обвиненија - Драги Рашковски, денес и утре ќе се сукаат кори и ќе се печат баклави по рецепт на Груби, кои ќе им бидат раздадени на посиромашните функционери во власта.

 

Како што нѐ информираа од неговиот кабинет, средствата за реновирање на канцеларијата и набавка на сукала, тепсии и состојки за баклавите се обезбедени од европските ИПА фондови, додека водата ќе биде донација од вицепремиерот за хидрација, Љупче Николовски, кој после само 2-3 шамари, се согласил овие два дена да не ја мери потрошената вода. 

 

Коментари

HzUJENIbxK8WYUjsoxaFRfmsCrGiPANiycwnhP38

Е цар си Иљче....хахахаха


Остави коментар