Најбараниот граѓанин на Нашата Земја во последниве 24 часа, екс-функционерот Артан Груби, вечерва се огласи со соопштение до јавноста, во кое објасни дека поради дефект на автомобилот со кој допатувал во Косово, како и поради недостиг на средства за автобуска карта, во моментов нема како да се врати во земјава за да оди во притвор.
- Веднаш штом дознав за одредениот притвор се упатив кон дома за да ги одбранам честа и угледот, но бев спречен во намерата поради дефект на возилото. Тоа што дополнително ме спречува да се вратам и да ја докажам својата невиност е фактот што целата моја заштеда ја вложив во гориво, па сега немам ни за автобуска карта до Скопје. - се вели во соопштението испратено од самиот излез на Приштина.
Поради неприликите во кои се најде поранешниот вицепремиер, редакцијата на Кооперација покренува иницијатива за собирање на потребните средства за автобуска карта од Приштина до Скопје и ги повикува сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат Груби да се врати во земјава, да ги однесат своите донации во најблискиот штаб на ДУИ.