До кога ќе престане ова грозно однесување на Владимир Путин?
Додека целиот свет го обвинува неговото мешање во суверенитетот на соседната земја, диктаторот од Русија веќе наредил екипи да влезат во Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република и под итна постапка да ги стругаат сите шахти на кои стојат украински знамиња и називи.
"Јас ги сметам овие земји за независни од Украина. Затоа, нема зошто на нивните шахти да има работи што потсеќаат на Украина или било какво минато поврзано со Украина. Доњецк и Луганск немаат допирна точка со Украина и како такви нема потреба зошто во овие независни земји да има шахти со украински симболи. Логично." - беше објаснувањето на рускиот диктатор од кое им дојде сериозен нагон на повраќање на пар вработени во Кооперација.мк, воедно борци за суверенитет, борци против неправда, но пред се - борци за хонорар.