Грчкото МНР упати протестна нота до нашата земја, а причина за тоа е презимето на нашиот кошаркар Перо.
Од нашето минситерство беше пратена порака "Кој Перо?"
По што Грција пиша "Перо бе. Како бе не го знаеш Перо?"
А на таа порака нашите вратија со "Aaaa Перо ли бе... па шо не кажа така!"
Веднаш после овие воведни информации, двете министерства влегоа во посериозно расположение, а грчкото МНР пиша:
"Перо... АНТИЧ, а? Антич? Демек... антички, а? Демек нешто вие античка Македонија, а? Демек нешто Филип, Александар, ова она, а??? Антич??? Како не ви е срам со вакви провокации бе!!! Вие не сте Антички, а најмалку од сите Перо! Затоа, во знак на добрососедските односи, очекуваме господинот Перо веднаш да го смени своето име и презиме од Перо Антич во Перо Север." - се вели во дописот на грчкото МНР.