logo

# Сатира

Граѓаните солидарни: Донации и подршка за синовите на Х.Локвенец

насловна слика
Голема хуманитарна акција започна денес, откако на барањето на јавноста пратениците да се откажат од своите плати и да ги пренаменат за здравствените работници, реагираше пратеникот Хари Локвенец и се пожали дека ако се случи тоа, тој ќе нема од што да ги прехрани синовите. Граѓаните донираат брашно, квасец, овошје, зеленчук, како и финансиски средства, кои ќе бидат предадени на фамилијата Локвенец, која за жал, сега ќе мора да живее само со плата од 1500 до 2000 евра месечно и без денар патни трошоци. Дури и вработените во печатницата на пратеникот, која доби средства од Фондот за иновации затоа што почна да печати хартија во боја, најавија дека планираат да се откажат од своите примања во наредните неколку месеци, за газдата што побезболно и побогато да ја преброди оваа тешка ситуација.

Коментари


Остави коментар