Голем еко-проект, финансиран од Европската Унија и поддржан од повеќе здруженија за заштита и добробит на животните и инсектите, најави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, во своето денешно обраќање до медиумите, .
Како што објасни таа, со проектот е предвидена изградба на 10 000 минијатурни куќарки, специјално прилагодени за скопските комарци, со една и единствена цел: да ги одржи во живот додека трае зимата.
- Се работи за возрасни и зрели комарци, со огромно животно искуство, од кои може многу да се научи. Всушност, тоа и е нашата мисија! Да ги припитомиме и да ги искористиме како адут во борбата со идните генерации на комарци. Сигурна сум, тие најдобро ќе знаат како да ја спречиме нивната наезда. - – изјави градоначалничката Арсова.
Според предвидениот буџет, секоја куќарка ќе биде опремена со парно, струја, оптички интернет и 100мл висококвалитетна човечка крв, која комарците ќе мораат да ја распределат за целата зима.