Град Скопје ја започна големата хуманитарна акција „Монтка за секој комарец“ со која планира да им обезбеди топла облека на сите преживеани комарци за да ги заштити од студот и да им помогне да го дочекаат прскањето против нив.
Како што дознаваме, до овој момент биле лоцирани и целосно обезебедени со зимска опрема точно 7 комарци, но од град Скопје рекоа дека потрагата по нив ќе продолжи уште поактивно, затоа што само од облеката што ја донирала градоначалничката направени биле повеќе од 10 000 монтки.
Овој хуман гест на градот го поздравија од Анима Мунди и од другите организации за заштита на правата на животните и инсектите и ги повикаа и другите градови да го следат овој светол пример.