Мнистерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој деновиве ја шокираше јавноста откако најави повлекување од политиката, денес во кратка изјава за Кооперација објасни зошто се одлучил на ваков чекор и дали пензијата е дефинитивна.
- Мојата мисија е исполнета. Се соочив со многу предизвици во обид да ја исполнам мојата цел - да отворам стотина работни места и горд сум дека успеав. И да, точно е дека нив ги пополнаа мои пријатели, мои поблиски, како и подалечни роднини, но тоа е само случајност. Така се погодило. - изјави пензионерот Милевски.
Тој не сакаше да открие како планира да ги исполни пензионерските денови, но најави дека будно ќе ја следи состојбата во земјава и ќе биде подготвен да помогне секогаш кога е потребно да се цицне од буџетот.