До кога вакви луѓе ќе живеат во тебе, Македонијо???
Екипата на Кооперација дознава дека во последниот месец, извесен К.С. од Скопје се грижел за коронавирусот, пандемијата, болните и загинатите. Овој целосен морон, вели дека здравјето е побитно од тоа кој ќе биде човекот што ќе даде потпис за смена на сијалиците, бидејќи како што вели тој "Побитно е да не ни се прекине светлото на животот отколку светлото на плоштад."
Претенциозен шупак, ако не прашувате нас, драги читатели.
Имено, К.С. вели дека фактот што Република Македонија има најлоша стапка во борба со пандемијата треба да биде навистина загрижувачка за двете партии и навистина не сфаќа зошто е побитно дали Шилегов пие ракија или Данела имала пасош од Бугарија кога државата секојдневно ја губи битката со КОВИД-19.
Е ради вакви луѓе што се замараат со глупости наместо да имаат сериозен став за тоа дали Шилегов е пијаница, а Данела Бугарка нема да ни тргне земјава!!!
ПУТУЈ ЕВРОПО!!!