logo

# Сатира

Ѓорѓе Иванов добива бенефиции од Заводот за неми лица!

насловна слика

По Силвана Бонева, која од почетокот на 2019 до денес била пријавена во Агенцијата за вработување во Струмица и добивала бенефиции како невработено лице, уште еден поранешен функционер побарал помош од институциите за да преживее.

Како што дознаваме, се работи за поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, кој по истекот на мандатот се нашол во незавидна ситуација поради драстичното намалување на приходите и затоа се решил да конкурира за месечен надомест до Заводот за глувонеми лица.

Во Заводот ни потврдија дека поранешниот претседател се пријавил за помош, а тоа го сторил со обемна документација во која биле наброени сите работи што тој ги преќутил за време на своите два мандати, па стручната комисија експресно решила да му додели месечен надомест.

Освен надоместок, господинот Иванов од комисијата добил и препорака да се пријави за бенефиции во Заводот за слепи лица, затоа што според нивната стручна проценка, не е мал бројот на работи на кои тој замижал.

Коментари


Остави коментар