logo

# Сатира

Герет Саутгејт: Ништо не е готово, го барам Крсто Мукоски да гласаме после финалето!

насловна слика

Селекторот на фудбалската репрезентација на нивната земја - Герет Саутгејт, изјави дека нема простор од разочарување за финалниот резултат на EURO 2020. Иако тие не го добија резултатот на кој што се надеваа, тој вели дека ништо не е готово и дека сепак очекува на крај тие да станат шампиони на Европа.

 

"Да, ова не е резултатот на кој што се надевавме, ама сепак ништо не е готовоо. Можеби статистиката и логиката вели дека изгубивме, но реалноста е друга. За пар месеци од сега ќе се собреме заедно со Италија и ќе гласаме за тоа кој навистина го освоил првенствово. Во моментов ги барам Крсто Мукоски и Елизабета Канческа и се надевам дека ќе ми помогнат да стигнам до победата. Мислам дека сме на прав пат и кога се ќе заврши ние ќе станеме шампиони. Ништо не е готово и покрај резултатот. Одиме напред, уште еден чекор поблиску до титула!" - изјави Герет Саутгејт.

Со оваа изјава се сложи и неговиот трет братучед Герет Нортгејт.

Коментари


Остави коментар