Уште еден потег кој може да донесе кандидат за Нобелова награда од државава!
Имено, човекот кој во слободно време банира луѓе од Фејсбук, а во неслободно време спие - Љупчо Николовски гордо се пофали на својата Фејсбук страница дека во последнава година е намален бројот на луѓе кои ја напуштиле земјава!
Како што тврди тој, причина за ова е единствено тој и ниту една друга ситуација што имала ефект врз целата планета.
"Да. Вистина е. Јас го измислив Коронавирусот. Целта ми беше намалување на младите кои ја напуштаат државата. Од прва мислев да направам некоја добра политика, да не се однесуваме фашистички, да направиме подобри услови за живот. Ама тоа некако ми делуваше премногу комплицирано па се решив да направам вирус кој ќе се прошири низ целиот свет и ќе убие премногу луѓе. Со помош на овој план беа затоврени сите граници и младите не можеа да ја напуштат државата за да бараат подобра иднина за себе си надовр од земјава. Може да се каже дека планот е успешен."
Кога го запрашавме што планира да направи сега кога е измислена вакцина за вирусот, тој си ги намести наочарите, ги спои рацете една со друга и почна манијакално да се смее викајќи "ЌЕ ВИДИТЕ... ХАХАХХАХАХАААХАХ СИТЕ ЌЕ ВИДИТЕ! ХАХАХАХАА СИТЕ ВИЕ ЌЕ ВИДИТЕ МУЕАХХАХААХААХААХХАХА"
Додека тој ова го збореше, почна и некоја музика да свири во позадина.
Почнуваме да се сомневаме дека господинот Љ е негативец во цртана серија.