Ова утро, Г-дин Г-дин Стефан упати порака за мир кон сите верници. Во пораката, освен вообичаените оптимистични ставови и желби за подобро утре - се вели и дека секој верник ќе мора да покаже сертификат ако сака да биде приметн во рајот.
"Долг е патот до Рајот. Долг е патот и по автопатот Охрид-Кичево, пошто никад нема да го завршат. А долг е и патот од тука до дома. Затоа си се возам со мерцедес, да стигнам поблиску.
Доколку и вие сакате да бидете дел од рајот како мене, ќе мора да дојдете, да баците рака, да оставите некој денар за мене за лепче и кавијарче и да доаѓате така на нова тура на секои триесет денови.
Пошто таму, во рајот ќе ви побараат сертификат. А тој сертификат само ја ќе ви го дадам, под претпоставка дека ќе ме браните онлајн и ќе оставите некое денарче.
Што? Ковид?
Што?
Не бе, не го знам тој светец...
Ајде, чао, треба да одам, ме викнаа на прослава, нешто сунет ќе требало, па колегата мој е на одмор, па да земам некој хонорар. Ајде, се брзам." - изјави Стефан.