logo

# Сатира

Газдата на дивоградбата кај Мавровка ќе тужи поради дискриминација

насловна слика

Адвокатот на анонимниот газда на срушениот објект пред Мавровка експресно реагираше на новиот закон за легализација на дивоградби што го донесе Собранието со гласови на власта и опозицијата и најави дека ќе поднесе тужба поради дискриминацијата што ја доживеал неговиот клиент.

 

- Националните паркови ни се полни со дивоградби што сега ќе добијат документи за легализација. Изградени уште пред години и години, и нив им ги легализираат градбите, а на мојот клиент ќе му ја рушат?! Па каде го има ова ви се молам? Ќе тужам до Стразбур ако треба само светот да дознае за оваа неправда! - изјави тој за медиумите.

 

Оваа тужба ги мотивираше и останатите пет-шест газди, што испаднаа будали и дозволија надлежните да го спроведуваат стариот закон и да им ги срушат градбите, да дадат поддршка и да се приклучат кон барањето за оштета.

Коментари


Остави коментар