Галијата се растура, со материјалите ќе се гради нова модуларна болница.
Познато е дека цените за материјалите за градба скокаат до плафон, па така штедливата и домаќинска влада реши да ја растури галијата и од истите материјали да направи модуларна болница.
Бидејќи јавноста реагираше за градење болници од пур-пена, новиот Ковид центар ќе биде изграден од отпадните, гнили даски од галијата. Сеуште не е одлучено дали болницата ќе се постави на копно, или на вода, во духот на галијата.