logo

# Сатира

Fuckти за НАТО

насловна слика

Велат НАТО ќе промени се'. Затоа, за да не се шокираме од премногу промени наеднаш, еве листа на што се' треба да сте спремни по влезот на земјава во НАТО:

Ѓубрето само ќе скока во корпа.

Членовите на ДУИ на свадба ќе пукаат само од радост.

Пратениците ќе одбиваат патни трошоци.

Контејнерите ќе станат отпорни на оган и идиоти.

Функционерите ќе јадат бурек со сирење на службените ручеци. 

Автомобилите сами од себе ќе застануваат на пешачки.

Администрацијата нема да им дава плата на тие што нишаат врата.

Димитров ќе признае дека секое утро ја става бенката на образ.

Ивица Боцевски ќе избере партија и ќе и' остане верен.

Конечно ќе фати корен косата на Антонијо.

Добро, последниве три немаат врска со НАТО, ама од друга страна, немаат ниту другите затоа што влезот во НАТО не го менува менталитетот...за жал.

Тоа можеме само ние...за жал.

Коментари


Остави коментар