Министерот за транспот и врски, Благој Бочварски, денес пред јавноста се пофали со донацијата што ја доби од Фондацијата „Едно опшесво за сите“, предводена од поранешниот премиер Зоран Заев, кој за потребите на министерството донираше 6 кабини за патарини што ќе бидат поставени на автопатот Охрид-Кичево веднаш штом ќе заврши изградбата.
- Сакам да искажам огромна благодарност до фондацијата и господинот Зоран Заев, кој како докажан визионер што гледа најмалку 50 години во иднината, ни го подари она што е најпотребно за автопатот – патарини. Се надеваме дека ова ќе биде поттик за работниците да дадат сѐ од себе и до 2073 година, целосно да го завршат автопатот. – рече министерот Бочварски.
Освен кабини за патарини фондацијата донирала и банкини за автопатот, но како што објасни министерот, тие ќе бидат испромовирани на посебен настан, на кој ќе присуствуваат и високи претставници на ЕУ, кои лично ќе ја тестираат нивната безбедност.