Ајвар, пинџур, лутеница или малиџано од компанијата Мама’с, ќе бидат доволни за да се стекне државјанство на Нашата Земја – предвидуваат новите амандмани на предлог Законот за државјанство, поднесени од пратеничката група на СДСМ.
Единствени услови кои идните Наши Земјаци ќе треба да ги исполнат се: да поседуваат фискална сметка за купениот производ, не е постара од шест месеци, и да ја наполнат со туршија празната амбалажа, како доказ за македонштината.
Покрај ова, законот предвидува заинтересираните да можат да аплицираат за државјанство и со купување на девизи во менувачницата на братучедот на премиерот, Вице Заев, како и со дадена донација за некоја од партиите на власт.