Време беше да се каже крај на суровоста и нечовечноста!
Од денеска и официјално, сите фирми што досега тестираа на животни ќе прекинат со оваа практика и ќе се префрлат на тестирање на нивните производи врз жители на Русија.
"Не е човечки да се тестира врз животни. И тие се битија. И тие имаат емоции, и тие имаат интелект, и тие чувствуваат болка. Можеби ова требаше да биде прекинато уште многу одамна, но ете, подобро сега отколку никогаш." - изјави сопственикот на Spotify.
Другите сопственици на познати брендови исто така се презадоволни со одлуката да се прекине тестирањето на производи врз животни, а сите се поприлично возбудени што од сега ќе почнат да тестираат врз Руси.
"Едвај чекам да видам како ќе реагираат Русите. Сметаме дека оваа одлука е предобра. Ќе се прекине наилството и изживувањето врз недолжни животинчиња, а воедно и ќе воведеме санкции кон Русија. Ова е вистинскиот чекор во борбата за хуманост низ светот." - изјави анонимен сопственик на една друга компанија што до сега тестираше врз животни.
Овој потег е нашироко сметан за поприлично човечен, а експертите се сложуваат дека ова требаше да се случи многу порано.