Министерот за здравство, Венко Филипче, како искусен давател на отповикливи оставки од морални причини, денес го повика милијардерот Марк Закерберг веднаш да си поднесе оставка од морални причини затоа што со своето лошо работење ставил во ризик голем број корисници на оваа платформа.
- Мене ми бараа оставка од морални причини за само 14 луѓе, а сите ќутат за грешката на Закерберг која погоди милијарди во целиот свет. Да не почнувам за тоа дека изгубивме драгоцено време што можевме да го искористиме за рекламирање на партијата и кое никогаш нема да го добиеме назад. Кој ќе ни го врати времето, а?! Ламбе Алабаковски?! – изјави министерот нервозно.
Тој тврди дека неговото барање за оставка го поддржал и премиерот Заев и доколку сопственикот на Фејсбук одбие да го послуша, ќе му биде забрането да инвестира во Нашата Земја со другите џиновски компании кои чекаат да го смениме името да го решиме спорот со Бугарија за да ги префрлат своите бизниси тука.
------------------------------------
Фото: СДК.мк