20 дена откако трагедијата во Тетово го измести од колосек, што најдобро се покажа со поднесувањето на оставката која за среќа не беше прифатена од Владата, министерот за здравство, Венко Филипче, се врати во нормала.
Имено, синоќа тој се појави на митингот на СДСМ во Битола и заедно со своите сопартијци ја започна кампањата за локалните избори, во која според некои си таму закони, не треба да се мешаат функционери од извршната власт.
Таму, на прес пред новинарите, запрашан зошто за други настани на отворено сертификатот е задолжителен за присуство, а за партиски митинзи не, тој одговори:
- Затоа што јас ви гарантирам дека секој еден присутен на митинзите е чипиран уште пред коронакризата. Тука има луѓе, кои уште од пред 20-30 години имаат чип, кога никој ништо не знаеше за чипирање. И вие очекувате од мене на такви пионери на науката да им забранам влез на митинг?! Ма ви се молам. – рече Филипче и демонстративно си замина.







