logo

# Сатира

ФИЛИПЧЕ СО НОВА МЕРКА: Вегета никако!

насловна слика

„Да, вегетата е исфлена комплетно од менито на нашата партија и мораме да признаеме дека на сите притисокот во крвта ни е добар, не сме забележале никакви проблеми, напротив - поведри сме и поенергични!

Со оваа нова мерка која сите мораме да ја почитуваме сите граѓани се обврзани да ја исфрлат вегетата како од својот организам, така и од висечките дома. Вегетата никако веќе не смее да се користи!

Среќни сме што го превземаме овој чекор, сметаме дека требаше и порано со што уште повеќе ќе го заштитевме здравјето на граѓаните - кое најмногу е нарушено од консумирањето вегета.

Но, тука сме во служба на граѓаните! Токму за нивно добро, односно за доброто на граѓаните експресно донесовме најпрво мерка - да се спрестане со продажба и производство на вегета, а воедно донесовме и закон - парична казна и казна со одземање на имот на маркетите и поголемите вегета тајкуни доколку продолжат со работа во која е инволвирана вегета, се разбира.

Но, за тоа ќе ви се обрати соодветниот министер.

Да напоменам - да не се збунат граѓаните - дека ова нема никаква врска со вакцинациите кои масовно се во тек а се повеќе има заинтересирани од младата популација.

Важно е да се знае дека како за вакцинираните, така и за невакцинираните - вегета е забрането да се користи!“

Рече министерот за здравство Венко Фипче додека Гоце Вегета постојано го посипуваше со вегета, додека министерот се правеше дека не го забележува.

Остануваме на терен!

Коментари


Остави коментар