logo

# Сатира

Филипче: Да бидеме сите одговорни како Мијалков

насловна слика
Министерот за здравство, Венко Филипче упати пофални зборови за поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков. Министерот Филипче е воодушевен од Мијалков поради тоа што ниту полициијата, ниту целата македонска јавноста, ниту Интерпол... не успеале да го поколебаат и натераат Сашо Мијалков да ја прекине изолацијата. „Браво за Сашо Мијалков! Апелирам до граѓаните да научат нешто од овој пример. Сите да бидеме одговорни како Сашо. Ако ниту Интерпол не успеа да го покоелба Сашо Мијалков и да му ја прекиене изолацијата, зошто ние другите да бараме изговори дека ни се иде во кафана, на прошетка, дружење со пријателите... кога знаеме дека имаме симптоми на Ковид-19? Уште еднаш, големо браво за Сашо!“ - изјави министерот Венко Филипче.

Коментари


Остави коментар