logo

# Сатира

Фејсбук ќе исполнува молитви на сите кои споделуваат икони!

насловна слика
МПЦ и Фејсбук конечно постигнаа договор! Состаноците кои ги имаа првиот човек на Фејсбук - Марк Цукерберг и поглаварот на МПЦ - ГГ Стефан, конечно вродија со плод. По големиот притисок кој го имаше основачот на Фејбук од македонската јавност поради нерализираните молитви и желби на македонските граѓани на нивните споделени икони од светци, се чини дека Марк Цукерберг конечно се вразуми. Тој ја призна грешката и истакна дека уште веднаш ќе му биде отворен фејсбук профил на Господ за да може да ги гледа сите икони споделени на оваа социјална мрежа и соодветно да реагира на истите. „Македонските граѓани се во право! Долго време се инаетев изгледа самиот со себе, но желбите на нашите корисници мора да бидат исполнети. Му благодарам на Господинот Господинот Стефан што ме вразуми. Веќе е испратено и-мејл до Господ и наскоро ќе биде отворен негов профил за да ги гледа сите споделени икони. Воопшто не сум загрижен дали ќе успее во тоа, бидејќи, нели, Господ гледа сѐ.Во блиска иднина ќе разговарам и со Поглаварот на Римокатоличката црква, како и со Вселенскиот Патријарх за да ги инспирираат верниците оваа активност со споделување на икони да се рашири низ светот.“- истакна основачот на Фејсбук Марк Цукерберг.

Коментари


Остави коментар