logo

# Сатира

Фатиме: Парите за Гибралтар ги заштедив со скенирање фискални

насловна слика

Специјалната обвинителка уште еднаш докажа дека е специјална. 

 

Овој пат, таа се појави на стадионот во Гибралтар каде ги подреше нашите фудбалери во натпревар од Лигата на нациите.

 

Таа вели дека сама си платила карта до Гибралтар, како и карта за фудбалскиот натпревар, а тоа го направила бидејќи е навистина огромен фан на фудбалот и нашата репрезентација.

 

"Огромен фан сум на фудбалот. Секогаш сакам да ги гледам нашите фудбалери кога играат во странство, без разлика дали станува збор за Италија или Гибралтар. Сама си патив и пат и карта, а парите ги заштедив со скенирање фискални сметки. Освен тоа, поселдните два-три месеца не јадев храна нити пиев вода и така  заштедив некој денар. Ете, кога се сака фудбалската репрезентација се е возможно. Презадоволна сум од денешниот резултат и уште од сега планирам да почнам со штедење на храна и вода само за да си дозволам да ја гледам нашата репрезентација на Суперболот во Грузија следната година. Ќе биде јако, обожавам фудбал!" - изјави Фатиме Фетаи во специјално интервју за нашиот сајт.

 

Коментари


Остави коментар