logo

# Сатира

Фатиме ги покажа сметките од Палермо: Сама си купила вода и парче пица на стадион

насловна слика

Обвинителката Фатиме Фетаи, која најави дека во понеделник ќе ги покаже фискалните кои се доказ дека сѐ си платила сама, реши да ја забрза постапката и да ги презентира сметките денес, со цел да ги прекине озборувањата и шпекулациите.

 

- Како што можете да видите од приложеното, во 21 часот и 18 минути сум платила дури 2,35 евра за вода, а само 4 минути подоцна и 3 евра за парче пица. Значи сум потрошила над 5 евра за нецели 5 минути. Ако тоа не е доказ дека сѐ си плаќам сама, јас навистина не знам како да ве убедам. Мислам стварно чуече... - рече навивачката.

 

Покрај водата и пицата, таа потврди дека сама си го платила и чартер летот на ФФМ, односно му дала 500 денари на пилотот за гориво, како и 100 денари за паркинг и масло за авионот.

 

Коментари

vh5PkmpWo7mSWn7EfpZWH6fRT7rSTGqnJ4B0oyUy

s5o zboris bravoooooooo

vh5PkmpWo7mSWn7EfpZWH6fRT7rSTGqnJ4B0oyUy

sega za Por5ugalija zemime i mene sama ke gi snosam 5roskovi5


Остави коментар