Фасадата од МЕПСО изложена во Музејот на ВМРО!
Во музејот на ВМРО денеска беше изложена фасадата која до вчера ја красеше зградата на МЕПСО. Овој значаен историски артефакт е главен симбол на позитивните европски ветришта кои веќе подолг период ги најавува владата. Свежо цвеќе пред падната фасада положи највискиот државен врв, кој едногласно упати порака дека заедничка одговорност е да ги зачуваме овие исторсики вредни материјали, кои ќе им посведочат на идните генерации за едно бурно време.
-Како резултат на добрите политики, позитивните европски ветришта конечно дувнаа во нашата држава. Овој исторски артефакт е главен симбол на нашата борба да ја донесеме Европа во Северна Македонија. Во скоро време очекуваме и фасадата од самиот музеј на ВМРО да биде изложена во истиот музејот што би бил единствен оваков случај во светот - изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.