logo

# Сатира

Фасадата на МЕПСО прва жртва на коронавирусот во земјава

насловна слика
Македонија го прокнижи првиот смртен случај од коронавирусот откако синоќа барокната фасада на МЕПСО колабираше по кратко боледување.   Засега не се знае како жртвата дошла во контакт со короната, но се претпоставува дека вирусот го донел силниот ветар што дуваше синоќа во главниот град. Утрово просторот околу МЕПСО беше ограден, а екипи од клиниката за инфектологија ги собираа посмртните останки на несреќникот и го дезинфицираа просторот.

Коментари


Остави коментар