Нов ден - нова масовна прослава во Куманово после фудбалски натпревар!
Откако вчера Куманово беше преплавено со фанови кои со албански знамиња ја славеа победата на Швајцарија над Србија на светското првенство во фудбал, оваа вечер повторно слична слика. Единствената разлика е што овој пат се слави победата на Аргентина над Австралија.
Собраните фанови велат дека тие се огромни фанови на фудбалот и дека прославата нема никаква врска со национализам.
"Види брат, ние сакаме фудбал. Вчера вака славевме за Швајцарија, денеска сме за Австралија. Сакаме фудбал и сакаме да славиме. ние не веруваме во национализам, граници или поделби. Славиме за сите. Ете вчера за Швајцарија, денес за Аргентина, утре за Шпанија... Не бираме фаворити, само сакаме да има прослава. Еве сеа жената ги перела знамињата на Македонија, па затоа сме излезени со албанските. Утре и со косовски ќе излеземе, па ете за 1/4 финале може и Кутлешот да го мавтаме. Битно е да има љубов и прослава!" - изјави еден од присутните фанови за нашиот веб сајт.
"Зошто на некои им смета прослава, љубов и позитивна енергија??? Не сфаќаме? Вчера ни дојде Павле Богоевски, дојде и ни кажа дека ова било национализам, а тој како огромен хејтер на национализмот имал проблем со овие прослави. Срамота. Ние знамињата на Албанија ги вееме за да ја покажеме пораката за единство меѓу народите. Дека и тие од Албанија се исто така луѓе како и тие од Швајцарија. Утре, ако победи Сенегал, ќе славиме со знаме на Шведска. Дека не треба да има поделби на нации и знамиња. Сите ние сме луѓе и сите знамиња се наши знамиња - на човечкиот род. Не знаеме зошто некои погрешно ја сфаќаат нашата прослава" - изјави друг фан додека пееше песни за Лео Меси.
Убаво е да се види прослава во Република Македонија, а ние може само да се надеваме дека овие прослави ќе продлжат до крајот на првенството.
Да живее Швајцарија, да живее Албанија, да живее Аргентина, да живее Македонија, да живее Сенегал, да живее Того, да живеат сите земји без разлика дали играат или не играат на светското! Не се битни знамињата, може да се слави сечија победа со било кое знаме.
Една планета - еден народ - една среќа!