Конечно! Се наѕира разврска за проблемот меѓу Русија и Украина, а најдоброто од се е што ќе биде избегната војна. Проблемот ќе биде решен на демократски начин, како што за тоа отсекогаш се залагала Европската Унија.
Имено, ЕУ згрме и повлече линија! Тие решија дека проблемот меѓу Русија и Украина конечно ќе биде решен кога лидерите на двете земји ќе се сретнат покрај Бајкалското езеро каде двете земји ќе потпишат договор за поделба на Крим. Половина ќе припадне на Русија, а половина на Украина.
"Демократија, батец. Демократија. Разумен компромис. Порано не знаевме како да решаваме проблеми. Ама Заев и Мицотакис ни ги отворија очите. Вака се решаваат сите проблеми! Разумно и паметно. Бајкалскиот договор ќе биде ист како Преспанскиот. Квалитетен. Пола-пола. Мора логика батец, не како некои други што мислат некои глупости. Очекуваме Путин да добие нобелова награда за мир откако ќе го стави својот потпис на овој генијален договор за поделба на Крим. Заев не доби, ама Путин можеби ќе добие. Вака се решаваат сите проблеми во ЕУ. Ова е иднината на решавањето на проблемите и уште еднаш, сакаме од се срце да се заблагодариме на Заев за тоа што ни го покажа патот кон демократски и уставни решавања на проблеми" - изјави висок преставник на ЕУ.