Европската Унија конечно се огласи за потенцијалното членство на Република Македонија во оваа заедница на перфектни држави.
Имено, откако Македонија не доби датум за почеток на преговори за датум за преговори за членство во ЕУ, од Унијата добивме одговор дека следните две недели се клучни.
"Следните две недели се клучни. Ако две недели седите дома, миете раце, носете маски и од време на време решавате по некој проблем - еве на пример проблемот на Израел и Палестина... можеби ќе добиете датум за нешто. Можеби. Да не избрзуваме со одговори, рано е. Како што рековме, следните две недели се клучни." - се вели во соопштението на ЕУ.