Екипата на Кооперација имаше чест да разговара со член на СДСМ, кој поради почитување на неговата приватност ќе остане анонимен.
Тој, во интервјуто кажа дека ЕУ навистина згрешила неколку пати и смета дека ЕУ не ни мисли добро според тоа што тие се уште не ја повикале земјава за преговори за датум за преговори за датум за членство во истата.
"Видете, тие грешат цело време. Цело време. Ниту една паметна одлука немаат напревено за нас! Дали вие би сакале да бидете со некој што цело време греи, не се залага за вас, не му е гајле за вас и едноставно нема никаква желба за вас да ви е подобро?"
Му одговоривме дека "Не, не би сакале да бидеме со некој таков човек или институција."
"Е така. Вие не би. Ама ние да. Ќе дадеме уште пар работи и ќе пробаме да настапиме уште повеќе субмисивно. Можеби ќе ни успее." - изјави господинот Никола Димитров.