Европската Унија по кој знае кој пат потврди дека е на страната на демократијата, уставноста и фер односот, а контра диктатурата и негативноста.
Имено, сите членки на ЕУ се потпишаа во писмото на Унијата до Руската Федерација во која ЕУ го моли Рускиот претседател Владимир Путин да ја признае Донечката Народна Република исто како и Луганската Народна Република. Имено, овие две области сакаат независност од Украина, потег што недвосмислено е поддржан од страна на сите членки на Европската Унија.
"Браво Путин! Затоа и си добар лидер, а не како Александар Вучиќ кој се уште не сака да ја признае Република Косово. Секоја земја има право на независност и сувереност и диктаторски е потегот на Украина што го прави. Ние сметаме дека овие две републики треба да станат независни што е можно побрзо и се надеваме дека наскоро овие две независни држави ќе се кренат на свои нозе, па кој знае можеби овие две држави еден ден ќе влезат во нашата унија заедно со Косово, додека заостанати држави како Украина и Србија кои одбиваат да поддржат легални независности на поранешни нивни покраини ќе бидат оставени на вратите на историјата. Со среќа господине Путин, ни треба повеќе луѓе како вас во светот! Да живее независно Косово! Да живее Доњецката Република! Да живее Луганската Република! Долу диктатурата и непочитување на желбата за независност!" - се вели во писмото на ЕУ.