logo

# Сатира

ЕУ: НЕМА ДА И ЌУТИМЕ НА БУГАРИЈА... Не е она Грција...

насловна слика

Конечно! Нашите пријатели од ЕУ покажаа заби! Од ЕУ велат дека мора да се реши проблемот меѓу Бугарија и Македонија и велат дека е срамота да земја како Бугарија да бара неуставни промени, историски промени, образовни промени и останат вид на глупави промени во соседна земја.

 

Од ЕУ велат дека Бугарија мора да настапи рационално и со смирена глава и дека со неуставно барање на криминално менување на устав, историја, образование и се останато не може да се дејствува во 21 век, а особено се разочарани што едно вакво однесување доаѓа од страна на земја членка на Унијата што автоматски ти ја прави државата перфектна, а жителите презадоволни.

 

"Срамота! Моравме да им викнеме на Бугариве. Што си мислат бе? Ние ќе поддржуваме такво квази-фашистичко однесување во 21 век??? Па си има прописи бе брат! Не се они Грција па да им ќутиме и да им поддржуваме квази-фашизам. Ма ајде ви се молам!" - изјави член на гореспоменатата унија.

Коментари


Остави коментар