Неколку денови откако премиерот Зоран Заев најави оставка, се уште не стивнуваат реакциите од сите страни! Фала богу, за совршен човек како господинот Заев, реакциите се негативни - односно, голем број на луѓе сакаат тој да ја повлече оставката (која никогаш не ја ни поднесе).
Последната реакција доаѓа од Европската Унија на која што сме членови веќе неколку години. Тие велат дека доколку Заев си даде оставка тогаш ЕУ ќе нема друг избор освен да ја избрка Република Европска Македонија од Унијата.
"Не ја прифаќаме оставката на Заев. Сметаме дека совршено си ја врши работата и не дозволува никој од страна да му се меша во работата. Затоа ние праќаме ултиматум! Или ќе остане премиер или ќе ја избркаме вашата земја од оваа унија. Веќе неколку години поминаа после одличната вест што ја доби премиерот во авион, а и да не збориме за референдумот "За Европска Македонија" каде што се офиицјализираше влезот на Република Европска Македонија во нашата унија. Нели, како и што наведува името на референдумот. Овие години животот ви е одличен поради тоа што сте член на унијата. Сигурно не би сакале да ги изгубите сите овие погодности што ги имате како членка, зарем не? Затоа, Заев мора да остане!" - се вели во писмото на ЕУ до нашата земја која што веќе неколку години ги ужива благодетите кои ги доби благодарение на тотално успешниот и легитимен референдум на кој се гласаше ЗА Европска Македонија.
Се надеваме дека премиерот на Европска Македонија ќе дозволи овој пат други да му се мешаат во работата, бидејќи ние искрено овој пат сме на страната на ЕУ. Мора Заев да остане, кога веќе Венко си поднесе оставка.
EDIT: Екипата на Кооперација се извинува за погрешната вест во последната реченица. Венко се уште е министер. Најверојатно лошо сме разбрале кога тој вети дека ќе си даде оставка. Кој знае.