logo

# Сатира

ЕТЕ ЗОШТО СМЕ ЧЛЕНОВИ!!! НАТО ќе прати 2500 молитви за Тетово!!!

насловна слика

Добро е! НАТО-фест не беше за џабе! Прославата на Охридскиот договор не беше за џабе!!! НАТО е тука бе бато!

 

Имено, НАТО повторно се покажува како здружение што секогаш се грижи за доброто на своите членови.

 

Откако владата побара помош од алијансата во овие денови на жалост за државата, од НАТО експресно вратија.


"ПОМОШ ЗА БОЛНИЦА? ОДМА ЌЕ ЈА БОМБАРДИРАМЕ! ДАЈТЕ КООРДИНАТИ ИМАМЕ СПРЕМНО ДРОНОВИ!"

 

Откако нашата влада објаснила дека наша болница изгорела и не се бара помош за бомбардирање на болници, од НАТО вратиле со мејл:

 

"Ауу... друже Заев бе... кај не најде у овие моменти? Значи баш имаме за после закажано пар болници да бомбардираме у Авганистан... не знам што да ти праиме. Ние сме воен сојуз, можеме да ти бомбардираме некоја болница.. ама вака... нешто помош ако бараш... да ти пратиме тенк некој? Па после со тенкот можеш.. да... да се сликаш? На фејсбук да стаи нешто Радмила некој пост? Не знам...

 

АА ЧЕК! МИЛЕ МИ ТЕКНА!

 

Не бе Миле.. како се викаше?

Ааа да, ми текна сеа, Зоран!

 

Е Зоран... ми текна!

 

Ќе ти пратиме 2500 молитви. Тоа е, буџетот за молитви ни го намалија годинава, ама го зголемија буџетот за дронови што ги користиме за бомбардирање на болници во блискиот исток. Тоа е.

 

Се надевам ќе ти се најде.


И фала што побара помош, наши сме си, ако не помагаме на нашите членови во денови на жалост... на кого да помагаме?

 

Ако треба нешто* слободно пиши ќе помогнеме друже Зоран, не се грижи.

 

Ајде, поздрав, се глеаме, нешто работа имам.

 

* = нели, тенкови или да ти  бомбардираме болница некаде у странство, сеа тоа е, луѓе сме, не сме семоќни, ама колку можеме... ќе помогнеме" 

Коментари


Остави коментар