logo

# Сатира

Еротска масажа со несреќен крај

насловна слика

(Стефан влегува во секс-шоп. Нема никој внатре. Разгледува по рафтовите. Зема камшик во рацете и го разгледува. Влегува продавачот – слаб, висок, облечен во секси долна облека. Држи вибратор во рацете.)

ПРОДАВАЧОТ: Повелете!

СТЕФАН: (Се преплашува.) Ајааааа...

ПРОДАВАЧОТ: Не се плаши, не се бој, нема коски куров мој (Алудирајќи на вибраторот.) Мала шега господине, да се нашалиме, нели. Повелете како може да ви помогнам. (Алудирајќи на камшикот.) Дали може сте за БДСМ?

СТЕФАН: Не! За ВМРО сум.

ПРОДАВАЧОТ: Имаме тогаш и за Вас нешто. (Вади лисици и му ги покажува.) Повелете, мислам одлично ќе Ви стојат.

СТЕФАН: (Иронично.) Ха, ха, ха...

ПРОДАВАЧОТ: А имаме, исто така, и анален отворач, анален затворач, тајни вери софт пуси... и сè што ќе посака Вашето срце, а богами и другите органи (Брмчи мува, слетува на челото на Стефан.) Буенос диас, комо естас... Шпанска мушичка знаете, еден уникатен производ...

СТЕФАН: (Се удира по челото, ја убива мувата.) Буенос ночес. Разгледував на Вашата веб-страница имате крем за зголемување на пенисот.

ПРОДАВАЧОТ: Секако. Го имаме најдобриот крем на пазарот – „Бигер Стојко Нау“. Одличен е! Јас го користам веќе пет месеци (Ги крева рацете во воздух.) Всушност, ова што Ве допира во моментов не се моите раце. (Му намигнува.)

СТЕФАН: (Скокнува.) Мрш бе мањачиште едно!

ПРОДАВАЧОТ: Полека господине, не се возбудувајте. Дали би сакале да погледнете?

СТЕФАН: Што ќе гледам? Дали може да пробам?

ПРОДАВАЧОТ: Па обично не се јаде, освен ако не сакате да Ви порасне јазикот. Што во секој случај, исто така, ќе го подобри Вашиот сексуален живот.

СТЕФАН: Ха ха ха... (Иронично.) На пенисот дали може да пробам господине продавач?

ПРОДАВАЧОТ: Веќе е нанесено на Вашиот пенис. (Ги крева рацете во воздух повторно.) Ноу хендс повторно.

СТЕФАН: (Погледнува надолу, го удира по пенисот.) Бегај бе будало. Ти ебам манијакот!

ПРОДАВАЧОТ: (Се превиткува.) Почекајте десетина секунди... ќе почне да делува...

СТЕФАН: (Погледнува во гаќите, па потоа возбудено кон продавачот.) Ќе земам две кутии!

ПРОДАВАЧОТ: (Го пакува производот, му го подава.) Ви честитам на изборот. Направивте голема работа. 399 евра, господине.

СТЕФАН: (Ги крева рацете во воздух.) Веќе Ви платив. Ноу хендс.

ПРОДАВАЧОТ: (Погледнува во раката.) Аааа да, навистина... Ви благодарам. Само момент, да Ви дадам фискална (Куца на компјутерот нешто, па потоа возбудено кон Стефан.) Господине! Ви честитам! Вие сте петилјадитиот купувач на „Бигер Стојко Нау! Добитник сте на бесплатна еротска масажа!

СТЕФАН: Еротска? Па не знам баш...

ПРОДАВАЧОТ: Верувајте, тоа ќе биде едно божествено уживање. Повелете седнете на оваа фотелја (Стефан седнува на фотелјата, му подава каталог.) Можете да изберете помеѓу Синоличка и Лорета...

СТЕФАН: (Разгледува.) Една Лорета ако може.

ПРОДАВАЧОТ: Друго, нешто за пиење...

СТЕФАН: Не благодарам.

ПРОДАВАЧОТ: Вашата желба е наша заповед.

(Стиска продавачот едно копче. Фотелјата почнува да се врти. Просторијата се претвора во затемнето романтично гнездо со свеќи наоколу и ориентални мириси... Стефан облечен само по гаќи лежи на стомак на кревет за масажа. Влегува Лорета облечена во секси долна облека играјќи заводлив стомачен танц, а потоа се качува на Стефан, го мачка по грбот со некакво масло.)

ЛОРЕТА: Дали сакате со хепи енд?

СТЕФАН: Не, благодарам.

ЛОРЕТА: Зошто?

СТЕФАН: Не сакам краеви.

ЛОРЕТА: Тогаш да почнеме од почеток.

(Го соблекува градникот, нежно го масира по грбот.) Можеби се премисливте?

СТЕФАН: За што тоа?

ЛОРЕТА: За среќниот крај.

СТЕФАН: Не верувам во среќни краеви.

ЛОРЕТА: (Му ги соблекува боксерките.) На мене дали ми веруваш?

СТЕФАН: Не те познавам.

ЛОРЕТА: Лорета.

СТЕФАН: Какво е тоа име?

ЛОРЕТА: Убаво.

СТЕФАН: И ти си убава.

ЛОРЕТА: (Ѝ ѕвони алармот.) Моето работно време заврши господине. (Го плеска по задникот.) Ве оставам во рацете на мојата колешка Синоличка.

СТЕФАН: Чекај!

(Излегува Лорета. Влегува Синоличка, жена дебела околу 150 килограми.)

СИНОЛИЧКА: Маченце убаво, каде беше целиот мој живот!? (Му се качува на грбот.)

СТЕФАН: (Вреска.) Помош! Помош!

СИНОЛИЧКА: (Го масира со градите по грбот.) Убав тој! Немој да викаш. Ми се кине срцето. Ти си мојата слабост.

СТЕФАН: И ти си мојата слабост, слонице моја дебела. Само те молам, симни се, ќе ми ги смачкаш јајцата!

СИНОЛИЧКА: Уффф срце мое слабичко, сакаш ти да бидеш од горе?

СТЕФАН: Едвај чекам, нилска кобило моја...

СИНОЛИЧКА: Е ај, горе-долу исто е...(Се симнува од Стефан, овој станува од масата. Синоличка скокнува на масата, масата се крши.) Ајде ѕверче мое, дојди земи ме!

СТЕФАН: (Бегајќи ја напушта сцената.) Помош, помош..!

(Фрагмент од драмата „Животот е краток и нејасен“ од Марјан Анѓеловски)

Коментари


Остави коментар