Добри вести доаѓаат секој ден во нашата земја! Откако дознавме дека емпатијата ќе надвладее во случајот со бегалците од Авганистан, сега дознаваме дека емпатијата ќе помогне и со бегалците и раселените лица поради војната во 2001 година.
Имено, Владата најавува дека ќе помогне на секое лице кое го напуштило својот дом во две илјади и прва година.
Секако, не станува збор за финансиска, материјална или било каква друга помош. Станува збор за психичка помош.
Како што дознава Кооперација, Владата ќе ги собере сите бегалци од 2001 на едно место и ќе им одржи курс наречен "ЕМПАТИЈА - Зошто не требаше да се плашите во 2001, Зошто тоа не беше војна, Зошто УЧК се наши пријател и Зошто Рамковниот договор е најдоброто нешто во историјата на планетата земја"
Преку овој курс, Владата очекува граѓаните да бидат поразбирливи и да сфатат дека тие сами се криви што се селеле во 2001, бидејќи во реалноста немало ниту една причина за страв.
"Стравот е опасна болест. Овие луѓе се болни. Биле исплашени во 2001 за џабе. А сите знаеме дека во 2001 немаше војна. Од што се плашеле? Од УЧК? До кога со оваа фобија од терористи? Срамота е во 2021 се уште дел од луѓево да имаат страв од некои си таму терористи. А се сомневаме дека и исламофобијата си има свој уддел во нивното селење. Затоа, емпатијата ќе победи и ќе ги научиме преселените од 2001 дека сепак тие се глупаци што не требало да се селат воопшто и дека УЧК се пријатели, а не нешто од што треба да се плаши човек. Очекуваме дека кога ќе заврши курсот, бегалците од 2001 ќе сфатат дека тие се виновни за тоа што се селеле и дека не постоела никаква војна. Помагаме на сите бегалци кога можеме. Затоа ќе им помогнеме и на овие. Не, не мора фала, ова го правиме чисто од љубов." - изјави преставник на власта на прес-конференција за медиумите.