logo

# Сатира

Емотивен статус на Бујар Османи: ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!!!

насловна слика

Иако е неработен ден, господинот Бујар Османи не одмараше денеска.

 

Недела беше ден за борба за враќање на името, а како што вели господинот Османи, таа битка ќе ја води додека е жив.

 

Оваа негова борба доаѓа откако на Википедија неговото име "Бујар Османи" беше заменето со "Бугар Османов", факт што го налути господинот Османи.

 

"ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!!! Ќе се борам! Ќе го мониторирам сајтот Википедија! Нема да дозволам некои суетни едитори, некои криминалци и да ми извини СДСМ заедницата некои шупаци да ги валкаат моето име! Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, нема да ми се смени името на Википедија! И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да отвори Википедија и да го прифати моето име сменето. НИКОГАШ БУГАР - САМО БУЈАР!!! ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМ!!! БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА! ВИКИПЕДИЈА КРИМИНАЛЦИ - ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ!!!!  #ЌеБидетеБанираниЗаедно" - гласеше фејсбук статусот на Бујар Османи.

 

Ние немаме став за името, сакаме да видиме некое време да помине, па ако испадне ок, онда добро. Ако не... ќе видиме шо ќе биде...

 

 

Коментари


Остави коментар