logo

# Сатира

Емисијата „Ѕвон“ се враќа на екраните: Ќе се емитува на ТВ Преобразба со ново име - „Камбана“

насловна слика

Легендарната детска емисија „Ѕвон“, која во '90тите и почетокот на 2000тите се емитуваше на Македонската радио телевизија, ќе го има својот камбек на ТВ екраните под ново име - „Камбана“, и тоа на новата црковна телевизија чие отворање го најави владиката Петар.

 

Од МПЦ не сакаа да откриваат повеќе детали, само ни потврдија дека информацијата е точна и ексклузивно за Кооперација ни открија дека токму главниот и одговорен уредник, владиката Петар, ќе биде водител на емисијата, а помошник ќе му биде министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.

 

Нека е за многу епизоди.

 

Амин!

Коментари


Остави коментар