logo

# Сатира

Елвис Бајрам избегал од онлајн час за да игра кантер

насловна слика

Само што започна онлајн наставата а веќе проблеми за наставниците. Поранешниот градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, избегал од онлајн час по физика за да игра кантер со другарчињата. Според информациите кои ги добивме од неговата наставничка по физика, која сакаше да остане анонимна, Елвис од онлајн часот избегал преку прозорче на неговиот компјутер, по што започнал да игра кантер со другарчињата. По овој настан на Елвис Бајрам му било речено на следниот онлајн час да се уклучи заедно со родител. Останува да видиме како ова однесување, уште на стартот од учебната година, ќе влијае на поведението на ученикот Елвис Бајрам.

Коментари


Остави коментар