ЈП „Нискоградба - Битола“ се пофали дека по објавувањето на реновираниот мост во населбата Буковски ливади, ги контактирал милијардерот Елон Маск и побарал да биде специјален гостин на церемонијата по повод свеченото пуштање на ова архитектонско чудо.
Од претпријатието не сакаа да го откријат датумот што го договориле, само додадоа дека милијардерот се интересирал за технологијата и материјалите користени да се изгради ова неверојатно здание и побарал контакт од мајсторите кои работеле на него за да им понуди работа во неговата компанија „Тесла“.