Познатиот... ам... познатиот... богаташ? Овој бе... со тесли нешто шо работи.. Елон...
Елон Маск беше запрашан од еден странски новинар дали верува во живот надвор од планетата Земја, а тој одговори дека не може да биде сигурен, но дека има план доколку тие ја посетат земјава.
"Дали има вонземјани? Искрено, не знам. Ако има, се надевам дека ќе дојдат на земјава и дека ќе ги прифатиме како наши. Баш правев муабет со Зоран Заев, не знам дали го знаете, ама човек со голема емпатија е, кажа дека во неговата земја ќе имало место за 3500 вонземјани и дека е спремен да ги прифати во нивната земја. Башка, ми кажа дека имал прва женска од Венера, така да најверојатно би бил добар избор да биде прв човек од Земјата што би правел разговор со вонземјани" - изјави Маск.
Го прашавме господинот Заев за негово мислење за цитатот на Маск, а тој ни кажа "Не бе... не Венера.... му кажав дека венерична болест имаше првата женска. А иначе она беше од...од...Брисел Тел Авив Дел Мехико...нешо... така...да... ајде, одете сеа, неам време за одговори..."