logo

# Сатира

Елка од луѓе: Градот бара Гинис да ги брои и спомениците

насловна слика

Обидот да се сруши Гинисовиот рекорд за најголема новогодишна елка направена од луѓе се претвори во македонска постизборна сапуница, откако стана јасно дека ќе биде тешко да се сруши стариот рекорд од 4020, бидејќи на плоштадот во Скопје се собраа околу 4000 луѓе.

Од град Скопје соопштија дека нема да го чекаат објавувањето на конечните резултати туку веднаш ќе поднесат жалба до Гинис и ќе побараат пребројување на човечињата и вклучување на спомениците на плоштадот во крајната бројка.

- Реагиравме до ГИК (Гинисова изборна комисија) и им објаснивме дека и спомениците се луѓе. А никаде не пишува дека елката треба да е направена само од живи луѓе. Значи ќе бараме на крајниот број на луѓе што учествувале во потфатот, да се додаде и бројот на споменици, значи плус 80.  – велат од град Скопје.

Со посебна реакција се јави градоначалникот на Скопје, Шилегов кој се огради од своите советници и нагласи дека тој бил против да се реагира до ГИК, затоа што нему му се виделе дупло повеќе од 4 000.

Коментари


Остави коментар