logo

# Сатира

Експертите велат: Говорење литературен македонски јазик е национализам!

насловна слика

Време беше некој да го каже тоа што сите го мислевме!

 

Имено, група на експерти упати отворено писмо во јавноста во која се вели дека говорењето на литературен македонски јазик е блага форма на национализам, а како општество кое се стреми да го уништи истиот, мора секој од нас да почне да говори било што друго освен македонскиот литературен јазик.

 

"Чоек јасно е дека е национализм. Ја иам видено дека 100% од тие шо се као фанатици за македонски јазик уствари навиваат за Русија во војнава со Украина, а богами се и анти-vax фацки. Нормално деак се националици, ти текиња? Пошо го сакаат јазикот на својата нација. Нација. Својата. Национализам. Ти текиња? Пратиш шо ти зборуем? Зашо да не збориш на Албански, Бугарски или Грчки? Зашто да не си измислш азбка? Зашо? Еве, ја кратам букв и пак ме сфќаш шо сакам да ти кажм. Ти текиња? Лесно е. Буквално е БЕСПЛАТНО да не си националист. Само бори се против овие фацки. ЌЕ ПОБЕДИМЕ! НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!" - кажа еден од експертите во разговор со еден од нашите новинари.

 

Коментари


Остави коментар