logo

# Сатира

Експертите што го оценија необјавениот Протокол добиваат сѐ повеќе барања за претскажување на иднината

насловна слика

Експертите и аналитичарите кои не дозволија една ситница како необјавен документ да им ја расипе анализата на Протоколот помеѓу Бугарија и Македонија, туку напротив, се потпреа на своите натприродни моќи и предвидоа што стои во него, ќе продолжат и понатаму да работат како пророци и исцелители на барање на мнозинството прогресивни граѓани, кои едвај чекаат да ги испробаат нивните услуги.

 

- Дарбата ја открив пред неколку месеци, во моментот кога го добив првиот хонорар од Влада. Паметам дека бевме кај мене во детска, заедно со уште неколку мои пријатели-аналитичари, кога ни стигнаа нотификации за прилив на средства и се случи магијата. Наеднаш, сѐ почна да се менува, боите станаа појаки, времето како да го снема, а ние имавме заедничка визија, во која ја видовме иднината и сите договори што ќе ги потпишеме на патот кон ЕУ. Од таму почна сѐ и прогресивните граѓани ги препознаа нашите моќи и почнаа да доаѓаат и да се консултираат и за својата иднина. - рече пророкот-експерт, кој инсистираше да остане анонимен.

 

Како што ни објасни тој, голем дел од неговите колеги покрај тоа што ја претскажуваат иднината, исто така баат од уплав, црна магија, уроци, мочање во кревет, гледаат на гравчиња и врзуваат и разврзуваат љубовни маки.

Коментари


Остави коментар