logo

# Сатира

Експертите бараат намалените казни за злоупотреба на службената положба да се „лежат“ во Струга

насловна слика

Измените во Кривичниот законик, со кои е предвидено да се намали висината на казните за злоупотреба на службената положба и овластување, добиваат уште еден амандман на предлог на докажани експерти од Правниот факултет, со кој сите функционери што ќе добијат намалена казна за ова дело, истата ќе мораат да ја одлежат во затворот во Струга.

 

- Сметаме дека струшкиот затвор е вистинско место за сите политичари што ја злоупотребиле положбата. Сепак се работи за луѓе што се навикнале на луксуз, па грев е да им ги скратиме сите поволности. Таму веќе имаат поранешни соработници и познаници па веднаш ќе се вклопат. И кога ќе видат нивните неосудени колеги како убаво се поминува во затвор, ќе почнат сами да се пријавуваат. - велат експертите од Правен.

 

Покрај ова, групата експерти за анализирање на законски измени во корист на политичарите, побараа со закон да се ограничи и конфискувањето на имотот, па наместо да им се одзема цел, тоа да биде најмногу 10%, од причина што на тој начин ќе мотивираме уште повеќе функционери да си ги признаат криминалите. 

Коментари


Остави коментар