logo

# Сатира

ЕКСКЛУЗИВНО! Спремете се за Европското и сите статуси што ќе бидат постирани!

насловна слика

Спремете се психички! Се доближува стартот на Европското Првенство, а тоа значи дека ќе има многу контроверзни наслови во следниот период!
 

Екипата на Кооперација ви ги носи сите наслови што ќе ја разбрануваат јавноста во следниот месец!

 

"Зоран Заев на фејсбук: Одлична игра Косово, супер одигравте!"

 

"Мицкоски со пофалби до фудбалерите: И ДРУГ ПАТ ДА НЕ ЗАБОРАВИТЕ КОЈА ПАРТИЈА ВИ ПРАЕШЕ МАЛИ ТЕРЕНИ ЗА ФУДБАЛ!!"


"Груевски жали - Ептен тешка група за маџариве на европсково бе..."

 

"Член на Невладина организација: Васил е бољи од фудбалериве, они се само шарлатани, и само морон може да гледа фудбал!!!"

 

"ПЕНЗИОНЕР ОД ПРИЛЕПСКО ОТКРИ - ЕВРОПСКОТО Е НАМЕСТЕНО!!!!!"

 

"Тепачка! Фан на Македонија се степал со друг фан на Македонија поради различни ставови за фудбалерите!!!"

 

"Македонска инфлуенсерка реши да се соблече ако освоиме ЕП!!!"

 

"Ахмети ќе прави фудбалска екипа??!?!"

 

"Апасиев распали на фејсбук - ГЛЕДАМ ЛЕЖАТ ФУДБАЛЕРИ ВО ЖИВИОТ ЅИД КОГА ИМА СЛОБОДЕН УДАР??? ПА МЕ ПОТСЕТИ ТОА ДА КАЖАМ... #ЌeСиЛежитеЗаедно"


"БАБА ВАНЃА ПРЕДВИДЕЛА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСВОИ ЕВРОПСКО!?!"


"СУДИЈАТА ИМАЛ ПРАБАБА ШТО ИМАЛА ВНУКА И ВУЈНА ШТО СЕ ДРУЖЕЛА СО ПОЛУ-БУГАР??? Еве зошто судијата не досуди пенал за Пандев!"

 

Коментари


Остави коментар