logo

# Сатира

ЕКСКЛУЗИВНО: Симовски забележан во скопските кафеани со И.Т!  И.Т. ЗБОРУВА МАКЕДОНСКИ?!?

насловна слика

Случајно, за време на пауза нашиот тим го забележа директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски како седи во една од познатите кафеани во Скопје во друштво на ниското вонземјанче И. Т. од истоимениот филм кое неодамна се попиша и сега е горд државјанин на нашата земја. Двајцата, расположени наздравуваа со некоја чудна течност. Го прашавме вработениот келнер што всушност се случува и дали може да ни сподели пикантни детали, но за жал тој не беше во можност да го стори тоа бидејќи неговиот крупен газда, сопственикот на кафеаната каде расположено се седеше, паднал во несвест кога го видел парот кој доаѓа, а верниот келнер сеуште се обидуваше да го освести. Само потврди дека македончето вонземјанче И.Т. почнало да зборува македонски! Остануваме на терен.

Коментари


Остави коментар